Челси го потврди трансферот на Нкунку

Англискиот гигант Челси потпиша договор со францускиот напаѓач Кристофер Нкунку, кој доаѓа во тимот од Лајпциг.

„Сините“ го комплетираа трансферот на Нкунку за 60 милиони евра од бундеслигашот, а овој трансфер беше најавуван веќе со месеци.

„Челси со задоволство може да соопшти дека Кристофер Нкунку ќе ни се приклучи од РБ Лајпциг во пресрет на сезоната 2023/24“, соопшти клубот.