Челси гради моќен тим, откриена следната топ трансфер мета на „сините“ од Лондон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Френк Лампард полека но сигурно го склопува тимот со кој ќе има далеку поголеми амбиции следната сезона.

Челси од поодамна го договори Хаким Зијеш, а вчера излегоа информации дека договорен е и Тимо Вернер кој ќе заработува по 200.000 фунти неделна плата на „Стемфорд Бриџ“.

Денес медиумите на Островот пишуваат дека следна трансфер цел на Челси ќе биде фудбалерот на Лестер, Бен Чилвел.

23 годишниот фудбалер веројанто ќе пристигне во Лондон затоа што од Лестер се подготвени да го пуштат за вистинската сума на пари.