Челси и Рома во директна битка за потписот на експертот кој ги брани боите на француски Лил…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот и италијанскиот клуб бараат нов спортски директор, па ќе се борат за потписот на еден експерт.

Како што пренесува „Гол“, Челси и Рома се заинтересирани за спортскиот директор на Лил, Луис Кампос.

Обата тима немаат вработени на функцијата спортски директор, Мајкл Еманело го напушти Челси пред година и половина и од тогаш за трансферите се прашува Марин Грановскај.

Што се однесува до „Волчицата“, кога отказ заработи Еузебио ди Франческо, клубот го напушти и „трансфер експертот“ Мончи, кој се врати во Севиља.

Сега и „Плавите“ и „Римјаните“ гледаат кон Лил, каде спортски директор е Луис Кампос.

Кампос предводеше четири екипи во Португалија, пред да стане скаут на мадридски Реал, што подоцна го однесе во Франција, каде работеше како спортски директор најпрво во Монако, па сега и во Лил.