Челси има активен преоден рок: Олисе прифати трансфер, Арсенал го сака Галагер, Џексон пред заминување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонскиот гигант Челси веќе неколку години игра непрепознатливо и затоа ова лето сака да донесе нови засилувања со кои ќе може конечно да се вклучи во трка за титулата.

Челси преговара за нов напаѓач, но во меѓувреме планира да го комплетира трансферот на Мајкл Олисе кој ја прифатил понудата од лондонскиот гигант.

Во меѓувреме се појавија шпекулации дека Арсенал покажал интерес за Конор Галагер, но најверојатно Челси не е расположен да го продаде во градскиот ривал.

„Фудбал.лондон“ објави и дека Николас Џексон би можел да замине ова лето затоа што не е среќен поради заминувањето на тренерот Маурицио Покетино, а Челси веќе испрати понуда за Саму Омородион од Атлетико Мадрид.