Челси има интересен план: Осимен доаѓа на позајмица?


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси планира до крајот на преодниот рок да го ангажира Виктор Осимен од Наполи.

Напаѓачот на Наполи покажа незадоволство и побара да си замине од калчолигашот, а единствен заинтересиран тим во моментов е Челси.

Наполи воедно сака да ги купи Чезаре Касадеи и Ромелу Лукаку од Челси, а премиерлигашот потоа планира да го ангажира Осимен на позајмица.

Челси наводно е подготвен а го позајми за 15 милиони евра за следната сезона, со опција да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната за 115 милиони евра.