Челси ја одби и третата понуда за Маунт, „ѓаволите“ ќе се повлечат од преговорите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Мејсон Маунт сака да замине од Челси, а како негова следна дестинација се споменува Манчестер јунајтед, кој досега испрати три понуди, но сите три беа одбиени.

„Ѓаволите“ понудија 55 милиони фунти плус бонуси, но за Челси не беше доволно ниту тоа, па решил да ја одбие понудата.

Манчестер јунајтед по ова најавил дека ќе се повлече од преговорите затоа што смета дека условите кои ги понудил се добри и Челси намерно сака да изнуди повеќе пари, иако Маунт има договор на уште една година.

Челси побарал 58 милиони фунти плус седум милиони во бонуси за да го продаде Маунт.