Челси ја загуби битката за Угарте, но веднаш најде ново засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси беше блиску до потпис со Мануел Угарте од Спортинг Лисабон, но познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека преговорите пропаднале затоа што ПСЖ понудил подобри услови во текот на минатата ноќ.

Уругваецот се откажал од идејата да го засили Челси, откако дознал што нудат парижаните, но тоа не ги разочара „сините“ кои веднаш тргнаа по потпис на друг фудбалер.

Маурицио Покетино во разговор со газдата Тод Боели се договорил да го купат Мојсе Каиседо од Брајтон за 80 милиони евра.

Од друга страна, Угарте денеска треба да потпише за францускиот шампион, а Спортинг за трансферот ќе заработи 60 милиони евра.