Челси ќе го врати Абрахам за 80 милиони евра?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси бара нов напаѓач откако во изминатиот период немаше среќа со офанзивни фудбалери, а тренерот Грем Потер сака да го врати Тами Абрахам во Лондон.

Абрахам се пресели во Рома, каде што повторно игра на одлично ниво и затоа привлече интерес од многу тимови, а неговата цена во моментов е 80 милиони евра.

Челси во моментов бара нов напаѓач, па би можел да се договори со Рома да го врати Абрахам идното лето, а за трансфер да потроши 80 милиони евра.

Засега не е позната иднината на Ромелу Лукаку во Лондон бидејќи тој е на позајмица во Интер, но калчолигашот нема намера да го откупи.