Челси конечно најде вистинска „деветка“ за Потер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси имаше неколку големи промашувања во последните две години во нападот, па најпрво Тимо Вернер не се покажа како добро засилување, а потоа не ги оправда вложените средства ниту Ромелу Лукаку.

По грешките на управата, Челси го продаде Вернер во Лајпциг за помалку пари, а Лукаку го испрати на позајмица во Интер, па сега тренерот Граам Потер смета на Пјер-Емерик Обамејанг во нападот.

Потер наскоро би можел да добие вистинска „деветка, а англиските медиуми пишуваат дека изборот паднал врз напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.

Овој одличен фудбалер од Канада во моментов го дели првото место на листата на стрелци во Лига 1 со Нејмар, а се проценува дека негов трансфер би чинел околу 50 милиони евра.