Челси најде нов тренер – докажан шампион кој ја освои Премиерлигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси планира да го промени тренерот за следната сезона, а како потенцијален наследник на Маурицио Покетино се споменува Антонио Конте.

Гигантот од Лондон испратил понуда до Конте, кој во следниот период треба да соопшти дали сака да се врати во Челси кој го тренираше од 2016 до 2018 година.

Конте заедно со „сините“ го освои пехарот во Премиерлигата во сезоната 2016/17, а потоа го крена и трофејот во ФА-купот.

Тотенхем му беше последен клуб во кариерата, а го напушти со заеднички договор по лошите резултати.