Челси не се откажал: Ќе ги следи настапите на ѕвезда на Барселона за да ја купи во јануари!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонскиот гигант Челси потроши најмногу пари во јануари и создаде солиден тим кој делува дека може да се бори за врвот во англиската Премиерлига, но новиот газда Тод Боели планира во јануари повторно да троши многу пари.

Челси летово бараше квалитетен плејмејкер и освежување во средниот ред, но го доби само Закарија од Јувентус на позајмица, но премиерлигашот планира во јануари да тргне по потписот на Френки Де Јонг од Барселона.

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека „сините“ будно ќе ги следат настапите на Холанѓанецот во следниот период, по што ќе тргнат по неговиот потпис на почетокот на зимскиот преоден рок.

Манчестер јунајтед претходно се обиде да го купи Де Јонг и понуди 75 милиони евра плус 10 во бонуси, но Холанѓанецот одби да се пресели на „Олд Трафорд“.