Челси нема избор: Пулишиќ заминува од Лондон и се сели во Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Томас Тухел не му дава многу шанса на Кристијан Пулишиќ, кој е подготвен да го напушти премиерлигашот.

Пулишиќ не добива премногу шанса во Лондон и поради тоа размислува да замине од Челси, а како негова следна дестинација се споменува Серија А.

Челси повторно ќе соработува со Милан, кој е заинтересиран за услугите на Американецот, па би можеле да го ангажираат на позајмица во јануари со тоа што ќе има опција да биде откупен на крајот на сезоната.

Милан и Челси досега соработуваа многупати во минатото, и тоа за трансфери на Андриј Шевченко, Томори, Жиру, Бакајоко и многу други.