Челси носи голман од Рен и нема да го продава Аризабалага


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Челси се распрашуваат за услугите на голманот на Рен, Едуард Менди кој би бил поевтина варијанта од другите голмани кои се поврзуваат со клубот.

Бидејќи Челси не може да најде купувач за Кепа, тој веројатно ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ и следната сезона, но Челси сега ќе го донесе Менди кој ќе ја дели минутажата со Шпанецот.

28 годишниот сенегалски интернационалец влегол во око на тренерот на голманите на Челси, Кристов Лоличон кој претходно работел во Рен.

Од Рен се подготвени да го пуштат голманот, а за возврат ќе го побараат Фикајо Томори кој би дошол во клубот како позајмен фудбалер.