Челси одбил да го купи Белингам за „само“ 20 милиони фунти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот англиски фудбалер и актуелен тренер Френк Лампард откри дека сакал да го купи Џуд Белингам, но управата на Челси не сакала да плати 20 милиони фунти.

Белингам стана ѕвезда по преселбата во Реал Мадрид, па во 14 настапи постигна дури 13 голови и покажа дека е најдобар играч на „кралевите“.

Лампард во поткаст кај Џон Оби Микел откри дека управата не сакала да му даде 20 милиони фунти за да го земе Белингам во 2019 година.

„Сакав да го купам Белингам, идејата беше да се плати 20 милиони фунти за некој на негови години, но управата не сакале да го направи тоа“, кажа Лампард.