Челси оди по потписот на тренерот на Чурлинов?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси има ужасна сезона, а газдата Тод Боели во моментов не може да пронајде тренер кој ќе сака да го предводи тимот во следната сезона.

Јулијан Нагелсман беше главен фаворит за тренерската позиција, но се откажал од идејата да ги преземе „сините“, па сега Боели бара алтернативни решенија.

Англиските медуми пишуваат дека прв фаворит во моментов е Маурицио Покетино, а ако пропаднат преговорите и со него, тогаш Боели ќе тргне по потписот на легендата на Манчестер сити и тренер на Дарко Чурлинов, Винсент Компани.

Компани го врати Барнли во Премиерлигата и има одлични резултати со екипата, па Боели смета дека тоа е човекот кој може да постигне добри резултати со „сините“.