Челси потпиша нов договор со напаѓач!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од моментот кога пристигна во јануари 2018 година во Челси, Оливие Жиру покажа на некои моменти дека заслужува шанса во поранешниот англиски шампион.

Жиру досега постигна 17 голови во дресот на „сините“, а посебно импресивен беше во Лига Европа, кадешто постигна десет гола сезонава.

Денеска стигна награда за неговите одлични настапи, па тој потпиша договор на уште една година.

„Многу сакав да останам уште една година. се чувствувам добро во тимот, очекува уште многу трофеи со клубот“, кажа Жиру.

Инаку, Жиру има 32 години, па останува да видиме каква улога ќе добие во идната сезона бидејќи Челси не може да ангажира нови засилувања.