Челси потроши милијарда на засилувања, а се мачеше против четвртолигаш (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси се мачеше против Вимблдон во второто коло на Лига Купот, но на крајот победи со 2-1 против четвртолигашот.

„Сините“ на засилувања потрошија над милијарда евра, но на теренот не делуваа како да се поскап тим и подобар од нивниот ривал.

Вимблдон водеше преку голот на Тили од пенал во 19. минута, а пред крајот на полувремето Мадуеке од белата точка погоди на 1-1. Пресвртот го комплетираше Енцо Фернандез во вториот дел.

На останатите натпревари, Блекбурн го прегази Хароугејт со 8-0, Барнли го победи Нотингем Форест со 1-0, а Евертон славеше со 2-1 против Донкастер.