Челси редеше победи, па Брајтон го понижи тимот на Потер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Брајтон му одржа лекција на Челси во 12. коло од англиската Премиерлига и славеше со 4-1, па така тоа е прв пораз за тренерот Грем Потер во 10. меч на кој ги предводи „сините“.

Потер немаше среќа против поранешниот клуб, каде што Роберто Де Зерби конечно ја најде победничката форма, иако мора да се признае дека и Челси беше ужасен во дефанзива.

Челси почна со неколку грешки во одбраната, по кои мораше Тијаго Силва да спасува чисти голови, а потоа два автогола си постигнаа Рубен Лофтус-Чик и Тревор Чалоба, а исто така се повреди и голманот Кепа.