Челси сака напаѓач кој минатата сезона постигна 19 гола во Лига 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монпелје очекува неколку понуди за младиот напаѓач Ели Ваи, а еден од заинтересираните тимови е премиерлигашот Челси.

Ваи има одлична сезона зад себе во француската Лига 1 бидејќи постигна дури 19 голови на 33 настапи за Монпелје.

Челси претходно испрати понуда од 21,4 милиони фунти за трансферот, но од екипата ги информираа дека тоа не е доволно и побара двојно поголема сума на пари.

Ваи има договор со тимот од Франција до 2025 година, а претседателот на Монпелје призна дека веќе преговарале со Челси, но очекуваат уште неколку понуди во следниот период.