Челси се договори со Барселона за Обамејанг!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонски медиуми објавија дека Челси конечно се договорил со Барселона за трансфер на Пјер-Емерик Обамејанг, па така искусниот напаѓач наскоро ќе го засили лондонскиот гигант.

Челси за услугите на Обамејанг ќе мора да плати 22 милиони евра плус пет милиони во бонуси, па Барселона ќе добие доволно пари за да го регистрира Жил Кунде, кој пристигна од Севиља.

Обамејанг минатата сезона за Барселона одигра 22 натпревари и притоа постигна 13 гола, но летово во Каталонија пристигна Роберт Левандовски, па стана јасно дека за двајцата нема простор во првиот тим.

Исто така, Томас Тухел претходно кажа дека сака да соработува со Обамејанг и ова е идеална шанса за такво нешто.