Челси се договори со Лидс, ама Рафиња не сака да потпише зашто во памет му е друг клуб!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Главна тема овие денови е можниот трансфер на Бразилецот Рафиња од Лидс во Челси, а веќе е договорен трансферот меѓу екипите, но фудбалерот не сака да потпише за поранешниот шампион затоа што во памет му е друг клуб.

Челси му нуди одлични услови на Рафиња, но Бразилецот чека неговиот агент Деко да се договори со Барселона, затоа што тоа е негов омилен клуб и сонувал уште од дете да заигра за него.

Меѓутоа, проблем е тоа што Барселона нуди 50 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, а тоа Лидс не го прифаќа, додека Челси си понуди 60 милиони евра кои ќе бидат исплатени веднаш.

Трансферот на Рафиња полека станува сапуница со оглед на тоа дека деновите изминуваат, а доколку Бразилецот продолжи да ги игнорира повиците од Лондон би можел да остане без голем договор.