Челси се откажа од Белингам, но Потер има други две желби!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси покажа интерес за Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, но откако стана јасно дека тоа е невозможна мисија, газдата Тод Боели ќе се фокусира на други желби кои ги има тренерот Граам Потер.

Белингам сака да се пресели во Реал Мадрид, па сега приоритет на Челси е Деклан Рајс, кој е член на Вест хем, а веќе неколку пати се поврзуваше со поранешниот европски првак.

Второ име на листата со желби на Челси е Кристофер Нкунку од Лајпциг, па Потер сака наскоро да го види во неговиот состав.

Рајс би можел да замине од Вест хем, но само ако Челси плати 100 милиони евра за неговите услуги, додека Нкунку ќе биде малку поевтин и Боели ќе треба да даде 80 милиони евра за неговите услуги.