Челси со новиот потег го понижи Лукаку како никој досега!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку не може да пронајде заеднички јазик со премиерлигашот Челси.

„Сините“ не се расположени да го испратат на позајмица, туку сакаат да го продадат во друг тим, но засега нема екипа која може да ги исполни нивните барања.

Англискиот гигант пред две години плати дури 110 милиони евра за неговите услуги, меѓутоа по една сезона го врати на позајмица во Интер.

Екипата од Лондон во меѓувреме реши да го премести Лукаку во тимот до 21 година, односно тој повеќе нема да тренира со првиот состав.

Голгетерот досега немал ниту разговор со тренерот Маурицио Покетино и се очекува негово заминување во следниот период.