Челси тргна по дефанзивец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте наскоро на располагање би можел да го има одличниот млад дефанзивец.

Клаудио Кулибали веќе некое време е на мета на неколку клубови од Премиер лигата.

Помеѓу нив е и Челси кој според последните информации испратил и официјална понуда до Наполи. Како што пренесува “Скај Спорт” понудата која е испратена на “Сан Паоло” изнесува 34 милиони фунти.

Овој 25 годишен Сенегалец во Наполи пристигна како голема желба на Рафа Бенитез, но дури во минатата сезона го покажа својот потенцијал.

Кулибали за репрезентацијата на Сенегал настапи на шест натпревари, а во Наполи пристигна за само нешто повеќе од пет милиони фунти.