Челси за џабе плати 165 милиони евра на три фудбалери: Вернер си замина од Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси ќе го продаде Тимо Вернер на Лајпциг за 30 милиони евра, иако го купи за 53 милиони пред две сезони.

Лајпциг беше упорен во преговорите и успеа да го договори Вернер за „само“ 30 милиони евра, иако се шпекулираше претходно дека го сакаат на пзоајмица.

Челси летово остана без Ромелу Лукаку за кој плати 113 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, па се врати во Интер по само една сезона.

Вернер е втор фудбалер кој ќе си замине, иако беше донесен како големо засилување, а наскоро среќата надвор од Лондон ќе ја побара и Хаким Зијех.

Зијех пристигна од Ајакс, но ниту тој не доби премногу простор и шанса за игра, па најверојатно ќе се пресели во Милан.