Червар ја претера: Македонците ми дадоа нивно државјанство, па ми го земаа златото на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот тренер Лино Червар е разочаран затоа што не успеа со Хрватска да го освои златниот медал на ракометното Европско првенство.

Червар во текот на финалето ги пцуеше македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов затоа што сметаше дека ја „украле“ топката, иако нивната одлука беше кристално јасна поради тоа што Игор Карачиќ направи чекори.

„Страв ми е, не толку од противниците, туку од тоа што се случува. Страв ми е дека по вакво судење во финалето на Европското првенство судиите ќе ни наштетат и во квалификациите за Олимписки игри. Се надевам дека нема поради нивните грешки да не го видиме Токио. Македонците ми дадоа и државјанство за тоа што го направив зза нивниот ракомет, но ете ме оштетија сега во финалето“, кажа Червар за „24сата.хр“.