Четири европски клубови заинтересирани за Габигол кој е во центарот на вниманието овој период


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


23 годишниот бразилски фудбалер, Габриел Барбоса многу попознат како Габигол ја оживеа својата кариера откако се врати во родниот Бразил и го облече дресот на Фламенго.

Габигол немаше успешна авантура во Интер, но затоа блесна во дресот на Фламенго каде постигна 31 погодок и запиша десет асистенции во 38 натпревари.

Младиот напаѓач го донесе и долго посакуваниот трофеј во Копа Либертадорес кога погоди два пати на средбата против Ривер Плата во финишот од натпреварот.

Фламенго сака да го задржи, но ќе се соочи со сериозна конкуренција од четири европски тимови. За Габриел Барбоса се заинтересирани Вест Хем, Кристал Палас, Порто и Ваљадолид.