Четири клубoви од Бундеслигата ги спасуваат малите клубови од финансиска криза

Четири клубови од Германија покажаа голема солидарност во време кога пандемијата прави големи проблеми во светот.

Станува збор за Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Лајпциг, кои ќе направат фонд за да ги спасат малите екипи.

Тие ќе ги надокнадат загубите на малите екипи кои ги трпат поради пандемијата на Ковид-19 и на таков начин ќе уплатат 20 милиони евра на германскиот Сојуз.

Тие се откажаа од парите од ТВ-права, па додадоа уште неколку милиони, а Сојузот ќе ги распредели парите на клубовите за полесно функционирање.

Голем потег на германските клубови, кои покажаа дека им помагаат на ривалите во вакви тешки времиња.