Чичарито наскоро го напушта Вест Хем?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мексиканскиот напаѓач Чичарито би можел наскоро да го напушти Вест Хем Јунајтед.

Чичарито влезе во последната година од неговиот договор со лондонскиот тим, а три клубови на МЛС лига се заинтересирани за неговите услуги.

Фудбал инсајдер пренесува дека Мексиканецот нема да добие ниту близу 140.000 фунти од Вест Хем неделна плата колку што тој зема моментно, во евентуалниот нов договор, што значи дека нема да се постигне договор за идна соработка.

МЛС-клубовите треба да го искористат тоа во јануари, кои според истиот извор се подготвени да му понудат на Вест Хем четири милиони фунти.

Да се потсетиме дека Чичарито пристигна во Вест Хем во летото 2017 година за 13 милиони фунти повеќе отколку што може тимот на Вест Хем да добие во јануари, но тој не покажа во Лондон она што некогаш го умееше кога играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Баер Леверкузен итн.

Така, за пет месеци тој би можел да биде на пат за Америка, и во кој клуб останува да видиме …