Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањето на шпанската “Марка”, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне има намера на “Висенте Калдерон” да го доведе Гонзало Игуаин.
Одличниот аргентински напаѓач се наоѓа на слатки маки, бидејќи знае дека за него се интересира половина Европа, а последен клуб во низата е Атлетико Мадрид.
Извршниот директор на Атлетико, Мигел Анхел Жил Марин, веќе стапил во преговори со агентот на Игуаин, но трансферот во овој момент е далеку од реализација, а најголем проблем е големата оштета која ја бара Наполи.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис порача дека почетната цена за Игуаин е 90 милиони евра, што е премногу за Атлетико Мадрид кој нема навика да троши толкава сума.
Во таборот на актуелниот вицешампион на Европа ќе се обидат да го ангажираат одличниот Гонзало Игуаин, кој од доаѓањето во Наполи за италијанскиот клуб одигра 104 натпревари и постигна 71 погодок во Серија А.