Чориќ направи сензација против Циципас и го освои Синсинати


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот тенисер Борна Чориќ направи вистинска сензација откако го освои Мастерс-турнирот во Синсинати по победата против Гркот Стефанос Циципас.

Чориќ како 152. тенисер во светот успеа да направи чудо и да го освои Мастерсот, што е негов најголем успех досега во кариерата.

Хрватот играше одлично на турнирот и на патот до финалето успеа да надмудри квалитетни тенисери, меѓу кои и Рафаел Надал.

Чориќ стана најслабо рангираниот тенисер кој успеал да освои Мастерс од 1000 серијата, а ова за Хрватот беше и трета титула во кариерата.

А благодарение на новата титула ќе успее да скокне над 100 позиции, па така од денеска ќе биде 29. тенисер во светот.