Човек кој не се прослави со ПСЖ доаѓа да го тренира Челси!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челси игра ужасно оваа сезона откако го отпушти Томас Тухел, а Грем Потер се наоѓа пред отказ откако не најде решение за очајните резултати, па како негов наследник се споменува поранешниот тренер на Тотнем и ПСЖ, Маурицио Покетино.

Покетино е без работа од јули, кога доби отказ од ПСЖ, а лошите резултати на Челси вршат дополнителен притисок врз Потер.

Претседателот Тод Боели засега не размислува за замена на тренерската позиција, но ако ништо не се промени во брзо време, тогаш најверојатно Потер ќе добие отказ.

Раководството на Челси му порачало на 47-годишниот тренер да ја промени ситуацијата и да почне да победува до крајот на месецот.