Човекот со најмногу титули во историјата на Реал Мадрид се сели во амбициозен клуб

Бразилецот Марсело со 25 освоени титули стана најтрофеен фудбалер во историјата на Реал Мадрид, кој го напушти ова лето, а сега се подготвува за нов предизвик во кариерата.

Од Италија доаѓа неверојатна вест дека Марсело во моментов сака да игра за најамбициозниот тим во моментов во топ-5 лигите, а тоа е Монца.

Марсело планира да потпише за Монца, иако има интерес и од Олимпик Марсеј, затоа што калчолигашот досега потроши 100 милиони евра и создава моќен тим.

На чело на Монца се наоѓаат Силвио Берлускони и Адријано Галијани, кои пред неколку децении создадоа гигант од Милан.