Чудо: Девојче од Сирија на 11 години ќе настапи на ОИ во Токио


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Олимписките игри (ОИ) во Токио ја добија најмладата учесничка и тоа на само 11 години. Хенд Заза игра пинг-понг и доаѓа од Сирија.

    Ова девојче во четвртокот победи во финале на квалификациски турнир во Јордан против 42-годишната Маријана Сакахијан од Либан со 4-3 по сетови и избори пласман на ОИ.

    И покрај тоа што ќе биде најмлада учесничка на ОИ, во историјата имало и помлади учесници, како што е грчкиот гимнастичар Димитриус Лундрас, кој имал само 10 години во далечната 1896 година.