Чурлинов потпиша со Барнли, остана само официјална промоција во тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги поминал медицинските прегледи и потпишал четиригодишен договор со Барнли, па наскоро се очекува официјална промоција.

Трансферот од Штутгарт е комплетиран, а германскиот новинар Флоријан Плетенберг кажа дека Чурлинов успешно ги поминал медицинските прегледи и ставил потпис на договор до 2026 година.

Штутгарт за неговите услуги ќе добие 3,5 милиони евра плус 1,5 милиони евра во бонуси, додека Чурлинов следната сезона ќе се бори за влез во англиската Премиерлига.

Чурлинов претходно го носеше дресот на Келн, Штутгарт и Шалке 04 во Германија, па без сомнеж ќе биде големо засилување за Барнли.