Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Репрезентацијата на Чиле славеше со 7:0 против Мексико во четвртфиналето на Копа Америка.
Чиле до предност стигна во 16-та минута кога мрежата на Мексиканците ја затресе Пух. До крајот на полувремето Чилеанците постигнаа уште еден погодок, а стрелец беше Едуардо Варгас во 44-та минута. На стартот на второто полувреме на 3:0 зголеми Санчез, а во 52-ра минута својот втор погодок го постигна Варгас. Истиот фудбалер пет минути подоцна постигна хет-трик за 5:0. Варгас не беше задоволен од трите погодоци, па 15 минути пред крајот на натпреварот го постигна својот четврт погодок, шести за Чиле. Конечните 7:0 ги постави Пух пред самиот крај на натпреварот.
Чиле во полуфинале ќе игра против Колумбија.