Цел свет му се смее на Реал Мадрид: Каква е оваа формација? 📷


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера загуби од Шахтјор Доњецк со 0-2 и си направи проблеми во борбата за пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампиони.

Навивачите на шпанскиот гигант се лути поради очајните настапи на тимот, а раководството наводно размислува за отказ на Зинедин Зидан.

Вистинскио хаос владееше вчера во играта на Реал Мадрид, па тие буквално му подарија голови на домаќинот, а една фотографија од мечот зборува доволно за тоа како изгледаа „кралевите“ на теренот.

Дури пет фудбалери на Реал беа во само неколку метри растојание при акцијата за првиот гол на Шахтјор, а навивачите не можат да поверуваат дека вакви работи му се случуваат на клубот.