Целосен ремонт во Наполи: Гатузо сака пет засилувања, а ќе продаде и неколку фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи следната сезона ќе има различен состав од овој во моментов, а причината за тоа е што тренерот Џенаро Гатузо сака пет засилувања.

Тој и следната сезона ќе остане тренер на Наполи, зашто има апсолутна доверба од управата, па поради тоа почна да „крои“ планови.

Мертенс и Калјехон би требало да бидат продадени, а истото ќе се случи и со Максимовиќ, додека во клубот се очекува да пристигне Никола Миленковиќ од Фиорентина, но ќе мора Наполи да плати 35 милиони евра.

Освен него, Гатузо сака играч за врска, лев бек, искусен голман и уште еден напаѓач, а наводно голем интерес покажал за Лука Јовиќ, кој ќе биде продаден од Реал Мадрид.