Циципас даде неочекуван одговор: Не постои голема тројка, туку еден тенисер е најдобар – Ѓоковиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Данил Медведев со 2-1 во финалето на Мастерсот во Париз и така остана на првото место на АТП-листата до крајот на годината, а тоа е по седми пат во неговата кариера.

Ривалот на Ѓоковиќ, грчкиот тенисер Стефанос Циципас кажа дека Ноле е најдобар во светот и во моментов нема никаква конкуренција.

Големата тројка составена од Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал одамна се распадна, а тоа го потврди и Циципас, кој кажа дека во моментов еден тенисер е над сите останати.

„Во моментов не постои голема тројка, туку има само еден голем тенисер и тоа е Ѓоковиќ. Медведев, Зверев и јас сме добри, но далеку зад Ноле и се надевам дека еден ден ќе бидеме дел од новата голема тројка“, кажа Гркот.