Црни прогнози: Богдановиќ има тешка повреда, го чека долга пауза? 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атланта хокс објави дека српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ доживеал скршеница на коските во десното колено на мечот против Шарлот хорнетс.

Магенетната резонанца покажала дека му е откриена тешка повреда и засега не е познато колку ќе паузира затоа што уште се следи случајот.

Ваков тип на повреда не бара операција, но рехабилитацијата може да трае до шест месеци. Аталанта в недела треба да соопшти каков ќе биде планот за Богдановиќ.

Богдановиќ стигна во Атланта од Сакраменто и потпиша четиригодишен договор вреден 72 милиони долари.

Оваа сезона во просек постигнуваше по 9,9 поени и 2,1 асистенции по натпревар.