Црвена Звезда има отворен пат до Теодосиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот плејмејкер Милош Теодосиќ би можел да се пресели во Црвена Звезда, објавија дел од српските медиуми.

Теодосиќ и во изминатите години се поврзуваше со преселба во Црвена Звезда, а не би било чудно доколку тоа се случи пред почетокот на новата сезона.

Виртус Болоња го намали буџетот за следната сезона и тренерот на екипата призна дека не може да си дозволи да има кошаркари како Теодосиќ во тимот.

Ц. Звезда, од друга страна, вчера дозна дека и следната сезона ќе игра во Евролигата, па ова е одлична шанса за Теодосиќ да продолжи да игра на врвно ниво.