Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот македонски шампион Шкендија продолжи со засилувањата, па денеска го промовираше Ардијан Цуцули, кој се враќа во тимот и потпиша договор до јули 2023 година.
Цуцули има 35 години и веќе освои две титули со тетовскиот тим, а сега најавува борба за нов трофеј во македонската Прва Лига.
Искусниот фудбалер доаѓа од редовите на Дрита со која го освои шампионатот на Косово, а претходно играше и во Кукеши и се закити со Купот на Албанија.
„Секое враќање во Шкендија е емотивно. Јас сум поврзан со тимот затоа што тука ги поминав најдобрите години од мојата кариера. Се враќам дома и имам неколку соиграчи со кои игравме заедно во минатото. Со Шкендија за првпат станавме шампиони во 2011 година и верувам дека оваа сезона ќе ја вратиме титулата“, кажа Цуцули.