Да не бев фудбалер ќе „бев невин“: Овој фудбалер доживеа принцот да му упати шокантно прашање…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најсимпатичните фудбалери на Островот откри детали од разговорот со Војводата од Сасекс.

Сите ја знаеме легендарната приказна, кога на прашањето што би бил ако не професионален фудбалер, Питер Крауч одговори: „Би бил невин“, алудирајќи на својот изглед.

Некогашниот напаѓач кој со своите два метри делуваше неспретно, но постигнуваше погодоци во сите можни клубови, има 38 години, стигна во Барнли зимоска и останува да видиме дали ќе продолжи да игра.

Крауч често е гост на телевизиски емиции, фантастичен соговорник е, многу е духовит, а откри и дека принцот Хари го прашал она што многумина луѓе би го прашале ако знаат која е сопругата на Крауч.

„Како успеа да ја смуваш Еби“, праша британскиот принц додека се разминаа во гардеробата пред една емисија.

„Бев шокиран, знам дека никому не му е јасно, не знам да одговорам“, истакна Крауч.

Неговата сопруга беше една од топ моделите во Англија, Еби Кланси, рекламираше веш и самата заработи многу, па таа предрасуда за парите не стои. Еби е посветена на сопругот, кој од неа, како што самиот вели останува во сенка.

Еби има 33 години, со Питер има три деца, заедно се од 2006. година, а во брак од 2011. година.

„Тоа кога Хари ме праша, беше пред Меган, па сеа веројатно и јас нему би му го поставил истото прашање“, истакна низ насмевка некогашниот англиски репрезентативец.