Да не ви се верува: Голман со катастрофална грешка му подари гол на противникот (ВИДЕО)

Неверојатна грешка направи голманот на Вестер Сиднеј, Даниел Лопар, кој во мечот против Мелбурн сити ја испушти топката во нозете на противничкиот фудбалер Крег Нуни.

Нуни тоа го искористи и постигна гол за водство од 1-0 на Мелбурн. Лопар покажуваше дека топката излегла надвор од теренот, но не му се исплатеше тоа, па голот беше признаен.