Да се биде или не: Македонија против Чиле ќе брка пласман во втора фаза!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација запиша два порази на стартот на Светското првенство во Египет, и тоа убедливи од Шведска и домаќинот на Мундијалот.

Македонските ракометари денеска имаат можност да изборат пласман во следната фаза, а за тоа ќе им биде потребен триумф против Чиле, со што би ја освоиле третата позиција во групата.

Нашите ракометари пред самиот настап на Мундијалот играа двапати против Чиле, а победија и во двете пресметки, и тоа со 25-21 и 28-24, па сега ќе имаат можност да ја потврдат доминацијата.

Доколку успееме да славиме во денешниот меч, тогаш Македонија ќе добие уште три натпревари на Мундијалот, а ќе влеземе во група уште со селекциите на Русија, Словенија и Белорусија.

А доколку не ни успее тоа, тогаш ни останува разигрување за позициите од 24 до 32 позиција на СП, каде што постои можност да играме во група со Јужна Кореја, Австрија и Мароко.