Даглас Коста се согласил за трансфер во Манчестер Јунајтед, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Даглас Коста потврди дека Маурисио Сари лично го блокирал трансферот на неговиот клиент во Манчестер Јунајтед.

Бразилецот бил многу блиску до трансфер на „Олд Трафорд“, но со доаѓањето на Маурисио Сари на клупата на Јувентус работите се промениле, па на Коста не му било дозволено да си замине од Торино.

„Искрено ви кажувам дека Алегри и Сари никогаш не размислуваа да го пуштат. Интересот од Манчестер Јунајтед беше силен, клуб кој отсекогаш беше заинтересиран за него. Тоа не беше единствениот клуб кој се интересираше, но сигурно беше најинтересен за Даглас. Требаше да замине таму, но Сари не дозволи тој да си оди од Јувентус“ –изјави агентот на Даглас Коста.