Далас му носи нов соиграч на Дончиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс го ангажира Грант Вилијамс во размена на кошаркари со три тимови од НБА-лигата.

Вилијамс потпиша четиригодишен договор со Далас и ќе биде засилување за екипата од Тексас во битката за шампионскиот прстен.

Далас неодамна објави дека ќе остане и Кајри Ирвинг, покрај најголемата ѕвезда Лука Дончиќ, а наскоро се очекува уште некое засилување на тимот.

Бостон за потписот на Вилијамс доби повеќе избори од вториот круг на драфтови, додека Сан Антонио го доби Реџи Булок и изборот на Далас на драфтот во 2030 година.

Вилијамс може да игра како крилен центар, а досега во просек постигнуваше по 8,1 поен и 4,6 скокови по натпревар.