Дали е ова гласот на Дејан Станковиќ? На интернет се појави снимка “Те сака твојот брат, станав тренер на Ѕвезда!”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна по вестите дека на клупата на Црвена Ѕвезда наместо Владан Милојевиќ ќе седне Дејан Станковиќ, на социјалните мрежи се појави интересна снимка.

Токму поврзана со тој настан се појави и аудио порака на која Станковиќ му ја пратил на еден од пријателите, глас кој потсетува на Дејан, но не можеме со сигурност да тврдиме дека навистина се работи за новиот тренер на црвено-белите.

Навивачите на актуелниот шампион на Србија се затекнати. Многу од нив се надеваа дека Владан Милојевиќ ќе прифати некоја од понудите кои се редат како на филмска лента, но сепак актуелниот шампион во 2020. сепак ќе мора да влезе со нов шеф на стручниот штаб. Вистински хаос настана од кога е објавена информацијата за Дејан Станковиќ, а дополнително атмосферата се подгреа токму со снимката која со брзина на светлината стигна до многу телефони на навивачите на Ѕвезда.

“Те сака братот највеќе. Еве само да ти кажам дека станав тренер на Црвена Ѕвезда. Така да, напиј се нешто и за мене. Те сака братот”, кажа гласот на снимката за кои навивачите на Ѕвезда тврдат дека е Станковиќ.