Дали ги видовте неверојатните потези на Мануел Ноер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер направи неколку доста импресивни потези на натпреварот во ДФБ Купот против Бохум.

Баварците долго време беа во негативен резултат но сепак на крајот од натпреварот усепаа да го свртат резултатот и да стигнат до победа со резултат од 2:1.

Многу од заслугите за тоа му припаѓаат на Мануел Ноер кој во 80. минута прво направи голема грешка а потоа ја исправи со одлична одбрана на ударот од пола терен и на тој начин го остави Баерн во игра.

Сепак, тоа што го направи на крајот од натпреварот покажува дека тој е навистина голем човек.

Момчето кое ги собираше топките го замоли за фотографија и Мануел со задоволство се нафати, а потоа му ги поклони и своите голмански ракавици.