Дали синоќешниот пораз ја потврди големата грешка на Реал Мадрид? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ синоќа го декласираа Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“ со 3-0 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

А најмногу критики доби голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа, кој брани катастрофално во последниот период.

Сепак, „кралевите“ поради Куртоа го продадоа Кејлор Навас во ПСЖ бидејќи не можеа да му дадат минутажа.

Интересно е тоа што Навас вчера ја зачува мрежата против поранешниот клуб, додека Куртоа трипати ја вадеше топката од мрежа.

Па, се поставува прашањето дали Реал Мадрид згреши со продажбата на Навас? Очигледно да, и тоа многу добро го знаат сите во шпанскиот гигант, како и навивачите кои се незадоволни со настапите на Белгиецот.

 

View this post on Instagram

 

Thibaut Courtois: No clean sheets since February Keylor Navas: 2/2 clean sheets since joining PSG

A post shared by Bleacher Report Football (@brfootball) on